Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Засновање на работен однос според Регулативата за Западен Балкан
Започнување на работен однос независно од признатата квалификација според §19 c AufenthG, §26 став 2 BeschV
За влез во Германија потребни Ви се обврзувачка понуда за работно место од работодавец во Германија и национална виза.
Закажување на термин за поднесување на барање за виза
Вашата постапка за виза може значително да ја забрзате со добивање на претходна согласност од Сојузната агенција за вработување: за таа цел Вашиот иден работодавец поднесува барање за согласност од Сојузната агенција за вработување, пред Вие да закажете термин за поднесување на барање на виза. Штом Вашиот иден работодавец ја добил претходната согласност од Сојузната агенција за вработување, тогаш Вие можете со бројот на клиент (издаден лично за Вас) на претходната согласност да закажете термин кај нашиот официјален надворешен вршител на услуги ВизаМетрик.
За Вашиот закажан термин ќе добиете потврден мејл од страна на ВизаМетрик. Ве молиме редовно да си го проверувате Вашето спам-сандаче.
Амбасадата не доделува посебни термини, затоа Ве молиме да не доставувате такви барања.
Поднесување на барање кај ВизаМетрик
Примањето на барањата согласно Регулативата за Западен Балкан се одвива во центарот за прифаќање барања за визи на ВизаМетрик.
На терминот освен таксата за виза во висина од 75,00€ (во МКД) треба да се плати и такса за услугата во висина од 37,50€. Таксите се плаќаат во валутата на државата. Точната сума ќе ја најдете на овој линк.
Доколку постои потреба, на лице место може да искористите некоја од дополнителните услуги кои се наплаќаат (како на пр.: копии, фотографии за пасош или достава по пошта на пасошот по завршувањето на визната постапка). На страната на ВизаМетрик може да најдете преглед на сите услуги.
На терминот мора да ги предадете потребните документи и да оставите биометриски податоци (фотографии и отпечатоци од прсти).
Во текот на визната постапка, кај поединечни случаи може да бидат побарани дополнителни документи што не се овде наведени. Непотполно пополнети барања за виза или некомплетна документација може да доведат барањето за виза да биде одбиено.
Штом барањето е финално обработено, ќе добиете известување од ВизаМетрик. Ве молиме да не испраќате прашања до каде е барањето за време на регуларното време на обработка. На тој начин создавате значително поголем обем на работа за Визниот оддел и ја одолговлекувате обработката.
Потребни документи за поднесување на барање
Ве молиме пополнете го целосно на компјутер барањето за виза со латинични букви. Сите страници, вклучително и QR-кодот, мора да бидат испечатени и донесени на терминот кај официјалниот вршител на услуги ВизаМетрик.
На денот на терминот кај ВизаМетрик потребни Ви се дополнително следниве документи:
- 1 формулар - поука, своерачно потпишани.
- 1 формулар Упатство за приложување на понуда за работно место, своерачно потпишан
- Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
- актуелна биометриска фотографија за пасош, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри.
- Валиден пасош во оригинал и 1 копиja. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
- Изјава за работен однос - Сојузна агенција за вработување, (не постара од 6 месеци) или соодветен отпечатен примерок од e-сервисот на работодавци на Сојузната агенција за вработување
- Претходна согласност од Сојузната агенција за вработување
За подносители на барања за виза кои треба да управуваат возила при извршувањето на својата активност, на пр. работна дејност како испорачувач, курир, управувач на багер или кран:
- Копија од соодветната возачка дозвола како и потпишана потврда од работодавецот кои типови на возила треба да се возат (вклучително со наведување на бројот на тони) и каде треба да се возат (на терен на фирмата или регуларен уличен сообраќај)
За подносители на барање над 45 години, дополнително:
Доказ за обезбедување на доволни средства за живот во пензија. Доказот може да сe приложи во вид на:
- минимален месечен бруто личен приход од 4.152,50 евра (2024)
ИЛИ
- докази за соодветни средства за покривање на животните трошоци во пензија, оригинал и 1 копиja, во одреден случај превод на германски јазик, (право на примања од државниот/приватниот пензиски фонд, животно осигурување и сл.)
Понатамошни информации за помошници негувaтели и болничари ќе најдете овде.
Одлука
Одлуката за барањата за виза ја носи и понатаму исклучиво Амбасадата. ВизаМетрик и нејзините вработени немаат никакво влијание врз исходот на постапката за поднесување на барање.
Доколку сте ја одбрале услугата за испраќање, тогаш ВизаМетрик ќе Ви го испрати Вашиот пасош. Во случај да Ви е доделена виза, доделената виза веќе ќе биде залепена во Вашиот пасош.
Доколку сте ја одбрале опцијата да го подигнете Вашиот пасош, тогаш ќе биде контактирани директно од ВизаМетрик за подигање на пасошот.
Во случај на одбиено барање, тогаш и понатаму важи дека одбивањето ќе го добиете по мејл од Визниот оддел на Амбасадата. И во овој случај Вашиот пасош ќе биде испратен назад до ВизаМетрик.
За одбиеното барање може да се жалите. Ве молиме имајте предвид дека Вашата жалба мора да ја испратите директно до Визниот оддел, како и досега. Жалбата мора да биде примена во Амбасадата во рок од еден месец откако сте го добиле одбивањето. Повеќе информации може да најдете овде.